Мото ГП: Пеко Бањана прв на првата спринт трка во историјата на Мото ГП

Актуелниот светски првак Франческо Бањаја победи на првата спринт трка во историјата на Мото ГП шампионатот, завршувајќи пред Хорхе Мартин и Марк Маркес. Воочи на големата трка за ГН на Португалија, Бањаја славеше со 19.52,862 минути, и така ги освои првите 12 бода во новата сезона. Мартин освои девет, а Маркес седум бодови со второто и третото место. Уште бодови во првата спринг трка освоија Џек Милер, Маверик Вињалес, Алеш Еспаргаро, Мигел Оливеира, Жоан Зарко и Алекс Маркес.

Трката за ГН на Португалија е на програмата од 15:00 часот, а од пол позицијата ќе тргне Маркес, кој беше најбрз во квалификациите.

Слични објави