Братот на српскиот репрезентативец Гудељ колабирал на терен, прекинат натпревар во Шпанија

од Вести365.МК | А.П.

Натпреварот меѓу Кордоба и Расинг Ферол од шпанската трета лига бил прекинат поради колабирањето на фудбалер на домашен играч. Се работи за Драгиша Гудељ, помладиот брат на српскиот репрезентативец Немања. Гудељ вчера беше дел од составот на Драган Стојковиќ Пикси на дуелот со Литванија. Во 11. минута токму на натпреварот, тој останал без свест, а по првичната лекарска помош, итно е пренесен во болница. Последните информации говорат дека српскиот интернационалец е во стабилна состојба, но прегледите ќе покажат што се случило за време на натпреварот.

Слични објави