„Со едната рака ја држев ќерка ми, со другата породував жена“ интервју со Блага Симеонова – прва бабица во Делчево

од Вести365.МК Ј.Р.

Благородна Симеонова, меѓу населението позната како Блага Бабицата, е меѓу првите бабици кои, како што вели самата, ја работела „најблагородната” работа, да донесе на свет здрави и живи новороденчиња. Поради преголемата желба за тоа, се пријавила на тогашниот конкурс за кој дознала случајно, а кој во тоа време бил отворен од тогашната здравствена установа. Таа во интервју за порталот ММС.мк ја раскажува својата неверојатна животна приказна.

Делчево е град во кој повеќе од една деценија во одделението за гинекологија при здравствениот дом „Гоце Делчев” не се врши породување на бебиња. Најчесто мајките родилки тоа го прават во гинеколошките амбуланти и во помодерните клиники во поголемите градови во земјава. Но, пред 50-тина и повеќе години не било така, бебиња не само што се раѓале во установата во Делчево, туку „бабици“ породувале и по селата.

– Имаше еден капетан кој седеше во нашата куќа под кирија со неговата жена, балдзата и баба му. Тие го прочитале конкурсот и го натераа татко ми да ме запише. Прво се запишав во Штип, а потоа да нема двојни трошоци, од Штип не префрлија во Битола. И таму завршив, потоа бев на пракса во Скопје во Градска болница. Од таму ми дадоа препорачано писмо за да работам најпрвин во болницата во Пехчево. Дојдов тука, а и тука немаше доктор. Во Берово имаше само еден доктор, д-р Шаптаров, Русин по потекло и тоа беше се што имаше од доктори. Колку работев во Пехчево, не знам бидејки ме бараа и во Берово оти и таму работев малку. Од таму ме префрлија во Берово, таму беше се чаушлукот. Тука пак во Делчево немаше бабица, и од таму ме префрлија во Делчево каде останав се до пензионирање, раскажува Симеонова.

– Работев како бабица 40 години. Имав 35 години работен стаж, па ме натера доктор Киро да направам изјава дека ќе работам уште пет години, бидејки според него бев многу успешна во работата. Само ми е жал што не си водев евиденција колку вкупно жени имам породено ама бројката на новороденчиња е огромна. И во Берово многу породив, додека кратко работев таму. И тука многу породив, колку паметам сите кои потоа станаа докторки сите јас ги породив. Во Делчевско нема село и маало дека не сум одела на пораѓај, дури и во понекои кочански села сум била да породувам. После кога се отвори новиот здравствен дом, почнаа со работа и други бабици. Тука беше Олга, после Стефка, ама таа подоцна отиде ја преместија во село. После нив дојдоа Бојка и Ружа, додава Сименова.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

Слични објави