Овен
Љубов:
Користете некои скриени адути за да го шармирате партнерот. Сè е дозволено, ако одговара на заедничкиот вкус.
Работа:
Помислата дека сте голем чекор пред другите изгледа стимулативно и возбудливо. Изгледате амбициозно.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Бик
Љубов:
Треба да се придржувате до докажани стандарди. Обрнете внимание на личноста која одговара на вашето емоционално расположение и сензибилитет.
Работа:
Избегнувајте деловни клишеа и стереотипно однесување. Имате поинтересни идеи од решенијата што ви ги нудат колегите.
Здравје:
Важно е да го подобрите вашето расположение.
Близнаци
Љубов:
Трпеливо чекајте нечиј повик или присуство на вашиот партнер. Има ситуации кои не можете да ги забрзате и да ги промените во ваша корист.
Работа:
Избегнувајте ривалство или натпреварувачка атмосфера, важно е да одржувате позитивен однос со блиските соработници.
Здравје:
Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.
Рак
Љубов:
Некој дополнително ве загрижува со своето нерасположено однесување. Чувствувате „покајание“ поради средбата со една личност.
Работа:
Избегнувајте нови конфликти, обидете се правилно да ја искористите вашата практична интелигенција и интуитивни способности.
Здравје:
Важно е да постигнете психолошка рамнотежа.
Лав
Љубов:
Саканата личност знае да ве остави убедени, како се да е во најдобар ред. Но, чувствувате нов проблем.
Работа:
На деловната сцена се си има свој „живот“, а вие упорно инсистирате на работи кои одамна се надминати.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација и опуштање.
Девица
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, ги преувеличувате вашите потреби и реагирате премногу чувствително на разни „ситници“.
Работа:
Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.
Вага
Љубов:
Изгледате весело и добродушно. Романтично сте расположени, а партнерот искрено сака да ви удоволи.
Работа:
Имате можност да остварите двојна добивка, под услов да настапите професионално и сугестивно пред колегите.
Здравје:
Потребен ви е поттик за добро расположение.
Скорпија
Љубов:
Мудро заобиколувате или премолчувате за одредени ситуации кои не се по нечија волја. Не ги потценувајте способностите на партнерот.
Работа:
Некој се обидува да ве наведе на своето решение, но вие сте доволно промислени и вешто избегнувате деловна замка или состанок што ве обврзува.
Здравје:
Подобрете ја вашата кондиција.
Стрелец
Љубов:
Ве очекува пријатно изненадување во средбата со блиска личност. Покажете искрена благодарност за она што го добивате во врската.
Работа:
Направете се што е потребно за да исполните туѓи критериуми во комбинација со вашите цели. Упорноста ќе се исплати многукратно.
Здравје:
Одржувајте оптимизам и самодоверба во различни ситуации.
Јарец
Љубов:
Важно ви е да привлечете нечие емотивно внимание, но правите голем број погрешни работи.
Работа:
Во деловно-финансиска смисла, заборавете на преголемите амбиции или желбата да ги присвоите туѓите резултати.
Здравје:
Обрнете внимание на поправилна исхрана.
Водолија
Љубов:
Не ја разбирате доволно позицијата на партнерот за заеднички проблем, имате впечаток дека сте на спротивни страни.
Работа:
Избегнувајте сомнителни околности и повнимателно анализирајте ги вашите соработници. Понекогаш има „скриени детали“ кои потешко се гледаат.
Здравје:
Вечерта ќе уживате во излегување, прошетка или емотивен состанок.
Риби
Љубов:
Ја излажавте саканата личност и барате ново оправдување за вашите постапки. Одговорот е во прилагодувањето.
Работа:
Ако се грижите за подобрување на односите со деловните партнери, прифатете нечиј совет и променете ја вашата моментална стратегија.
Здравје:
Треба да ја подобрите концентрацијата и расположението.