Бурни реакции во јавноста предизвика славјето на фудбалерите на Вардар на прославата на шампионската титула со недолична и вулгарна песна, а за ваквиот потег клубот ќе биде соодветно казнет.
Имено, денеска од Фудбалската федерација на Вардар потврдија дека Дисциплинската комисија отворила постапка по што ќе се донесе одлука за казната.
„Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот“, соопштија од ФФМ.