Време е за промени

од Вести365.МК Ј.Р.

7 години слушаме и читаме “Младите..”, “За младите..”, “Иднината е во младите…”, а впрочем и ништо не слушаме, ниту пак гледаме. Е, ајде добро, да речеме, бар нешто друго направија, па подоцна и за младите ќе има нешто. Ама тие ништо не направија! Во НАТО не внеле. Добро, супер, браво, иако клечевме на колена, кичмите згрбавени, без грам достоинство и променивме се што можеше да се промени. Барем не нè тераа и полови да менуваме. И што добивме ние од ова? Да бидеме начисто. Тие освен влез во НАТО (ако го сметаме како успех на Владата на СДСМ), една работа немаат направено.

Да се присетиме. Ветуваа доста за младите. 126 пати е споменат зборот “млади” во предизборната програма на СДСМ во 2020 година. Па, барем 1% да реализираа од тоа што ветуваа за младите, ќе имавме 1 проект. За жал, нема ниту еден. Нула.

Да е уште поголема трагедијата, ветуваа големи крупни проекти за младите. Ветуваа зголемување на стипендии, а добивме зголемување на функционерски плати од 78%. Ветуваа нови студентски домови, а не ги ни реконструираа ниту постоечките. Ветуваа вработување за најдобрите студенти со најдобар просек, а добивме вработубање на младите во “M’cDonalds” во Германија. Ветуваа влез во ЕУ за поголем просперитет и повеќе пари, а го изгубивме и тоа што го имавме со ЕУ. Ветуваа студентски оброци, а не сакаат да им дадат “големи” 200 денари за храна. Ветуваа. Не реализираа. Е, затоа ни е преку глава.

Наместо квалитетни млади, тука во државава да работат, да творат, нашите врсници бегаат. Германија, САД и Канада се полни со млади од Македонија, бидејќи овие се утепаа од крадење. И после нема пари. Епа, нема драги пријатели од власта. Се испокрадовте. Децата на моите внуци ќе плаќаат за ова. И не бегаат младите само поради парите. Бегаат и поради корупцијата. Партиските вработувања пред изборите. Бегаат поради лажните ветувања. Бегаат затоа што нема правда. Бегаат затоа што криминалците шетаат по улици. Бегаат затоа што здравството го “умревте”. Бегаат затоа што немаат КНИГИ во училиштата. Бегаат затоа што немаме образ. Немаме чест. Немаме достоинство. Немаме пасоши, лични карти, возачки.

Нештата треба да се променат. Младите и те како треба да најдат партнер. Партнер кој што ќе им овозможи успех, просперитет и квалитетна иднина. Без небулози. Без лажни ветувања. Младите сакаат да видат работа, сакаат да видат правдина, сакаат да бидат слушнати. Таков избор имаат овие избори. Тоа е опцијата која ќе донесе промени. ВМРО-ДПМНЕ има кадар кој знае како да ги промени работите. Баш таков кадар се млади луѓе. Кои што ја поминале својата младост под власта на СДС-ДУИ. И тие поминале низ тешки препреки и неправди. Затоа, баш тие млади луѓе како нас, знаат што му треба на младиот човек. Реални проекти кои ќе бидат од значење на младите. Кои ќе ја вратат надежта кај нас младите.

Затоа овие избори се многу важни. Иако звучи клише, овие избори се многу важни. Најважни. Младите имаат најлесна одлука во нивниот живот. Дали сакаат просперитет и иднина, или сакаат да останат “затворени” овде без просперитет и иднина. Дали сакаат подобро здравство, образование, економија, или сакаат СДС-ДУИ коалицијата да ги полнат своите џебови со народните пари. Одлуката е едноставна. Глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Глас за нас младите. Доста е од лаги. ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ!

Валентин Манасиевски, организационен секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични објави