Претседателот на Владата Христијан Мицкоски престојува во работна посета во Cеверна Рајна – Вестфалија, Сојузна Република Германија.
Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на работната посета предвидени се средби на високо политичко ниво, како и средби со претставници на бројни компании, институции и бизнис заедницата.
Предвидено е премиерот Мицкоски да присуствува на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде што ќе земе активно учество на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.