Облачно со локални врнежи од дожд

од Вести365.МК Ј.Р.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови времето ќе биде под влијание на циклонска активност до вторник. Ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи постудено, но стабилно и суво време.

Слични објави