Во третиот круг на трката во Портимао, возачот на Хонда направи преамбициозен маневар и удри во Априлијата на Оливеира во третата кривина. Иако се стравуваше дека Оливеира добил посериозна повреда, сепак на нозе ја напушти патеката. Наместо него, Маркез беше тој што доби ситни повреди и свирежи од публиката, додека од организаторот во следната трка во Аргентина, Шпанецот е казнет со двоен “долг круг”.
Маркез изјави дека не е загрижен за трката во Аргентина и дека најважното е Мигуел да биде океј, бидејќи неговата грешка можеше да има сериозни последици. Тој објасни дека имаше намера да оди на левата страна, но мотоциклот се блокирал и не успеал да го избегне Оливеира. Иако Маркез има повреда на раката и коленото, тоа не му е важно во моментов. Се согласува со казната што ја доби.
Сето ова му овозможи прилично мирна трка на Пеко Бањаја, кој со победата на спринтот и денешната трка само потврдува дека е главен фаворит за одбрана на титулата во Мото ГП. Зад него заврши Маверик Вињалес кој профитираше од откажувањата на ривалите, а во првите десет се најдоа уште Безеки, Зарко, Алекс Маркез, Биндер, Милер, Квартараро, Еспаргаро и Ринс.