Организаторите на турнирот соопштија дека Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Мастерсот во Монте Карло. Ова ќе биде неговото 16-то учество на турнирот, каде има учинок од 35-13 и кој го освои во 2013 и 2015 година. Минатата година Ѓоковиќ беше елиминиран во второто коло, но овој пат ќе има можност да го зголеми својот број на бодови на АТП листата.
Покрај Новак , на турнирот во Монте Карло ќе настапат многу познати тенисери, како моменталниот број 1, Карлос Алкараз потоа Стефанос Циципас, Каспер Руд, Тејлор Фриц, Данил Медведев, Андреј Рубљов, Холгер Руне и Феликс Оже-Алијасим. Најтрофејниот тенисер на овој турнир Рафаел Надал ќе се обиде да ја освои својата 12-та титула, а Циципас ќе ја брани титулата од минатата година.