“Porsche” ја објави важната вест дека новата четврта генерација на нивниот “SUV” модел, “Cayenne”, ќе се произведува во фабриката на “Volkswagen” во Братислава. Одредени модели и од сегашната генерација на “Cayenne” се произведуваат и во Словачка, но новата генерација со електричен погон ќе биде целосно произведена надвор од Германија т.е. во фабриката во Братислава.
Оваа најава е дел од планот на “Porsche” за лансирање на неколку електрични модели. По лансирањето на “Porsche Taycan” во 2019 година, следниот електричен модел, “Macan”, ќе биде лансиран во 2024 година, а потоа и “718” во средината на деценијава.
“Cayenne” е еден од столбовите на компанијата “Porsche” и со 95.604 продадени единици во 2022 година им обезбедува доволно капитал за развој на нови производи. Иако “Cayenne” се произведува во Братислава веќе 20 години, многумина се изненадени што производството со електричен погон ќе продолжи во истата фабрика.
Производството на делови за “Cayenne” започнало во фабриката во Братислава пред 20 години, а од третата генерација производството беше префрлено во Словачка, каде што се произведуваат модели со класични и “plug-in” хибридни погони.