Томас Тухел, новиот тренер на германскиот гигант Баерн Минхен, ја започнува својата нова авантура во кариерата полн со оптимизам и огромен ентузијазам. На неговото официјално претставување како кормилар на тимот, Тухел говореше за медиумите. Тој дојде во Баерн откако Јулијан Нагелсман беше неочекувано отпуштен, а Тухел не криеше дека има огромна желба да го предводи најтрофејниот германски клуб. Тухел рече дека неговиот тим е најдобар што може да се замисли и дека Баерн Минхен е способен да освои буквално сè што постои.
„Клубот е предодреден за успеси, едноставно нашата ДНК е таква. Баерн секогаш е гладен за трофеи и ние мораме заедно да ја продолжиме оваа горда традиција. Јас знам во каков тим дојдов, ова се најдобрите момци што можеш да ги посакаш. Имаме огромен потенцијал и мислам дека оваа екипа може да освои буквално сѐ, па дури и англиската Премиер лига“, изјави Тухел, по што следуваа насмевки на лицата на новинарите.
Новиот тренер на Баерн Минхен, изјави дека едвај чека да започне со работа во клубот и да почне да ги составува „коцките“ за најтешките предизвици од сезоната.
„Ова е огромна одговорност, но јас сум убеден во своите квалитети и квалитетите на играчите. Ова беше лесна одлука, Баерн нуди прекрасни услови за работа, а и јас самиот одамна имав желба еден ден да сум тука и да пробам да оставам печат во богатата историја на клубот. Повеќе причини беа клучни за моето доаѓање, а една од нив беше секако и тоа што ќе бидам многу поблизу до моето сакано семејство“, заклучи Тухел.
Баерн Минхен е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите сезонава и сеуште се бори на сите фронтови. Томас Тухел добива огромен товар на плеќите, но Германецот е со доволно богато резиме за да може соодветно да одговори на потребите на баварскиот гигант. Новиот тренер исто така рече дека едвај чека да започне со работа во Баерн и да почне да ги составува „коцките“ за најтешките предизвици од сезоната.