Одбојка: Струмица Никоб и Работнички Скопје до трофеите во Купот на Македонија

од Вести365.МК | А.П.

Трофејот на Купот на Македонија во машка конкуренција го освои екипата на Струмица Никоб, откако во финалето ја победи ГОК Борец со 3:0 во сетови (27:7, 25:23, 25:18). Струмица Никоб го освои деветтиот трофеј во оваа конкуренција, односно севкупно имаат 18 пехари во нивните витрини. Милев и Хараба постигнаа 12, односно 11 поени, додека најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени за поразениот ГОК Борец.

Во женското финале, трофејот им припадна на одбојкарките на Работнички Скопје, откако ја одбранија титулата со победа против Наковски волеј со 3:1 во сетови (23:25, 25:18, 30:28, 25:16). Стојанова постигна 17, Баталаковска и Ѓурѓевиќ по 16 поени за Работнички, додека најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени за екипата на Наковски волеј.

Слични објави