И на 55 години изгледа како „МИЛИОН ДОЛАРИ“: Џенифер Анистон во едноставен фустан остава без здив

од Вести365.МК Ј.Р.

Актерката Џенифер Анистон неодамна се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „Murder Mystery 2“ во Лос Анџелес, а нејзиниот краток, светкав фустан го привлече вниманието на јавноста.

Убавата 54-годишна Анистон покажа дека жената може да изгледа убаво и привлечно и во постарите години, а сето тоа во склад со нејзините години. Врз основа на фотографиите од неодамнешната премиера на споменатиот филм, Џенифер Анистон е вистински пример дека вистинската убавина на жената доаѓа со годините.

Кога станува збор за нејзиниот аутфит, актерката на црвениот тепих прошета во краток фустан, изработен од комбинација од сребрена мрежа, нитни и циркони. Краткиот фустан со својот дизајн и крој ја истакна фигурата на убавата Џенифер.

Целиот изглед го комплетираше со едноставни сандали кои ги истакнаа нејзините долги и затегнати нозе.

https://superzena.b92.net/zivoti-poznatih.php?yyyy=2023&mm=03&nav_id=2310170

Слични објави