Avalon International Booking со големо задоволство ви најавува дека еден од најголемите светски тенори на сите времиња, JOSÉ CARRERAS, ќе настапи во Скопје на 1 септември, на голем музички настан заедно со Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, во придружба на Македонската филхармонија!
Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија.
Концертот ќе биде поделен во два музички сегменти: во првиот дел, публиката ќе има можност да проследи специјално осмислен концерт со македонските музички ѕвезди и повеќе од 60 врвни музичари од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со нови оркестрации и аранжмани подготвени специјално за оваа вечер од маестро Николче Мицевски,
додека вториот дел од вечерта му припаѓа на José Carreras и неговиот безвременски светски репертоар, заедно со Македонската филхарминија и предводено од неговиот долгогодишен диригент, David Giménez.
А, во текот на вечерта ќе има и неколку специјални музички спојувања помеѓу овие два света, моменти што оставаме да останат изненадување за публиката.
По спектакуларната најава на David Guetta – Monolith Stadium Show, ова е вториот голем настан кој се организира во рамки на јубилејната програма, овојпат во знакот на класична музика и македонската музичка традиција.