И ТОА ГО ИМА: Службеничка во Општина Кавадарци одбила поткуп од 500 евра и ги пријавила митаџиите

од Вести365.МК Ј.Р.

Двајца скопјани добија кривична пријава откако се обиделе да поткупат службеничка од Општина Кавадарци со 500 евра, но таа ги пријавила, соопшти МВР.
„Денеска (29.03.2023) ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(34) и Ј.С.(60), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривично дело „давање поткуп“, предвиден и казнив по член 358 став 1 од Кривичниот законик. Двете лица кривичното дело го сториле на 29.12.2022 околу 09.30 часот во Општина Кавадарци, при што на вработена во Одделението за урбанизам, дале поткуп во износ од 500 евра во апоени од по 100 евра, со цел да не изврши службено дејствие кое морала да го изврши – надзор врз градежни работи“, велат од полицијат

Слични објави