Последна желба на Владо Јаневски: Ќе биде погребан во облеката од легендарниот „Макфест“ настап

од Вести365.МК Ј.Р.

Денес на Градските гробишта Бутел во Градски гробишта Бутел ќе биде погребан поп-ѕвездата и текстописец Владо Јаневски. Сите кои сакаат да се простат од него за последен пат ќе можат тоа да го направат во капелата на гробиштата во периодот од 10 до 11 часот, по што ќе следи погребната церемонија, како што соопшти „Авалон продукција“.

Македонија изминативе денови е во шок по веста за смртта на Јаневски, еден од највлијателните македонски пејачи, композитори и текстописци. Тој почина по кратко боледување на една од скопските клиники, на 65-годишна возраст.

Според неофицијални информации, една од неговите последни желби била да биде погребан во облеката што ја носел на настапот на „Макфест“ во Штип, вклучително и сакото со брош. Јаневски остави силен белег на фестивалот, особено со песните „Чаирска романтика“ (1993), со која освои второ место, и „Еден бакнеж“ (1994), која подоцна го однесе и на „Славјански базар“ во Белорусија.

По подолга пауза, тој повторно се врати на сцената на „Макфест“ во 2023 година со песната „Златни години“, потврдувајќи ја својата трајна врска со фестивалот и македонската музичка сцена.

Слични објави