На социјалните мрежи се појави снимка од супермаркет „Лидл“ во Борча, во Србија каде за малку е избегната тепачка меѓу неколку повозрасни лица.
Како што пишуваат српските медиуми, турканиците настанале наводно поради ќебапи, односно поради ниските цени на овој продукт во маркетот.
На снимките се гледа како повозрасна жена се обидува да земе цел пакет ќебапи, додека во исто време ги спречува другите да дојдат до месото.
Од маркетот објавиле дека имаат акција во која цената на ќебапите е пониска. Промотивната цена на ќебапите завршува денеска.