Серија А: Лацио поразен дома, Сампдорија се збогува од Серија А!

Во најинтересниот натпревар од саботната програма во Серија А, Торино го совлада Лацио на негов терен и направи пријатно изненадување. Иако Лацио беше фаворит со серија од четири победи, Торино успеа да дојде до трите бода на „Олимпико“ и по овој пораз Лацио потенцијално може да го загуби второто место на табелата, ако Јувентус слави над Наполи. Клучниот момент беше ударот на Илиќ од голема далечина во 43 минута, кој заврши во мрежата на Лацио поради лошата интервенција на голманот Проведел.

Во другите натпревари од ова коло, Сампдорија и Специја ремизираа со резултат 1:1. Иако домаќините доведоа во предност со голот на Бруно Амионе во 23. минута, Специја успеа да израмни преку Даниеле Верди во 59. минута. Овој резултат повеќе им одговара на гостите, кои остануваат на првото место над линијата за опстанок со пет последователни нерешени утакмици. Додека после овој нерешен резултат, Сампдорија останува на последното место на табелата со 17 бодови, што го оддалечува од шансите за опстанок во лигата.

Во првиот саботен меч Салернитана го совлада Сасуоло со 3-0 на својот терен во Серија А. Пирола го постигна првиот гол во 9=тата минута, а Булае Диа го зголеми водството на 2-0 во 20-тата минута. Во вториот дел, Кулибали го постави конечниот резултат со голот во 65-тата минута. Салернитана сега има 33 бодови и се наоѓа на 14-тото место, додека Сасуоло е единаесетти со 40 бодови.

Слични објави