Доколку сакате да се ослободите од наслагите на стомакот, пробајте го овој напиток кој многу лесно се прави. Станува збор за комбинација од чиа семе, мед, лимон и вода во точно дефинирани количини
Чиа семето е познато како одличен антиоксиданс и е полно со влакна, кои се одлични за подобро варење. Лимонот го детоксицира телото, благотворно делува на кожата, го стимулира мозокот и дигестивниот систем, помага во губење на вишокот килограми… Медот е добар за многу работи, а меѓу другото го зголемува протокот на крв и го забрзува метаболизмот.
Комбинацијата на овие три здрави состојки помага во подобро варење и детоксикација на телото. Комбинирајте ги во точно правилен сооднос и ќе добиете напиток кој може да ви помогне да се ослободите од вишокот сало на стомакот.
Состојки:
чаша и пол вода (2,5 dl чаша)
лажица мед
сок од еден лимон
лажица чиа семе

Подготовка:
Семето чиа ставете го во вода и оставете го да отстои еден час да набабри. Ако немате време да чекате наутро, навечер ставете ги во вода, а наутро додадете ги останатите состојки.
Додадете сок од лимон и мед и добро измешајте. Доколку сакате пијалокот да има мазна текстура, ставете го во блендер.
Пијте го секое утро на празен стомак.