Утре промоција на документарецот за Дарко Панчев!

Утре во Хотелот Александар палас, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција и светско премиерно емитување на документарниот филм “Патот на Кобра до ѕвездите“ посветен на нашата гордост и фудбалска легенда, Дарко Панчев. „Патот на Кобра до ѕвездите“ е остварување за подемот на нашата жива фудбалска легенда Дарко Панчев, до европскиот и до светскиот врв. Заедно со тоа, филмот исто така ја претставува фудбалската историја на поранешната Југославија. Од 200 часа снимен материјал, филмот сублимира изјави во час и 18 минути од 45 спортски, културни и јавни личности, меѓу кои и Рингов, Кочо Димитровски, Пикски, Савичевиќ, Белодедиќ…, како и на самиот Панчев, ја раскажува неговата животна приказна на фудбалските терени, до врвот на светскиот фудбалски трон. Тие спомнуваат блескавите моменти од кариерата на Панчев, но и поразите што ги доживеал на теренот.Ко-продуценти на филмот се Спортско радио 90,3 ФМ, каналот Спорт Клуб и Спорт Нетворк Продукција.

„Она на што инсистиравме во сите овие снимања е емоцијата. И личните доживувања за Дарко Панчев , онака како тој влијаел на тие луѓе кои со него соработувале, работеле, се бореле, играле против него или само го гледале. И на секој начин им го разубавувал растењето и тој еден период од животот“, изјави Александар Станковиќ, главен уредник на „Спорт Нетворк Продукција“.

Панчев го започна својот пат во Вардар, продолжи во Црвена ѕвезда, а потоа играше за Интер, Фортуна и Сион. Со неговиот гол, Црвена ѕвезда во 1991 година стана европски и светски шампион, а Панчев стана голгетер во квалификациите за европското првенство во сите групи. Тој е носител на „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа и на „Сребрена топка“ во изборот на „Франс фудбал“. За него овој документарец е круна на кари

Слични објави