Перез на излезна врата од Ред Бул!

Според мислењето на поранешниот светски шампион во Формула 1, Џенсон Батон позицијата на вториот возач Серхио Перез во Ред Бул е загрозена поради лошите резултати.

Мексиканецот пред еден месец водеше голема битка со неговиот тимски колега Макс Ферстапен за првото место, но на последните три трки не успеа да се искачи на подиумот, додека Холанѓанецот славеше на шест трки и има сигурна предност од 69 поени.

„Мислам дека оваа сезона нема опасност да го сменат, но тоа може да се промени на крајот на сезоната. Кој би возел на негово место? Го имаат Даниел Рикардо, но не знам дали ќе му дадат шанса“, изјави Батон.

Слични објави