ОВЕН
Знам дека не ти е работа во текот на овој ден, уморен си и повеќе сакаш да си одиш дома. Не бидете нервозни, обидете се да се смирите и да функционирате поопуштено. Нагласена страст кон саканата личност; можност за интензивно попладне и вечер.
БИК
Ништо од она што сте го планирале не функционира. Ако веќе гледате дека ситуацијата оди како што оди, барем обидете се да ја следите и да не се нервирате. Напнати сте бидејќи не сте ни сигурни како ќе успеете да се усогласите со саканата личност. Доцнење во плановите.
БЛИЗНАЦИ
Голем дел од проблемите и најкомплицираните обврски успеавте да ги отстраните од дневниот ред. Вашето оптимистичко расположение ќе ја подобри атмосферата и во колегиумското опкружување. Во емотивниот сегмент нервозата се смирува. Подобро функционирате на љубовен план.
РАК
Некој ве изнервира и „ви вади на нерви“. Со сета своја волја ќе се обидете да постигнете компромис со оваа личност, но и да се стабилизирате. Попладневните часови посветете ги на одмор и семејството. Контактот со саканата личност ќе ви биде многу пријатен.
ЛАВ
Денеска не планиравте да ви биде преку глава, но испадна дека така ќе биде. Нема релаксација, нема олеснување. Ќе треба да брзате на сто страни. Вашиот емотивен партнер се обидува да се усогласи со вас, но тоа е тешко да се направи денес.
ДЕВИЦА
Финансискиот сегмент денес ви е особено важен. Можно е да ви слетаат пари на сметката, но сигурно е и дека веднаш ќе ги префрлите. Исто така, можете да потрошите неспоредливо повеќе од она што сте го планирале. Емотивно сте добро.
ВАГА
Денес ќе сакате да посветите повеќе внимание на себе и на вашите приоритети. Искрено, не знам како ќе успеете да се вклопите во работните обврски. Емоционално – добар однос со саканата личност.
СКОРПИЈА
Додека од една страна работите многу интензивно на вашите планови, од друга страна никогаш не успевате да го достигнете нивото на кое можете да кажете дека сте задоволни. Ви пречат ситници кои не се толку важни. Емотивно – раздор со партнерот.
СТРЕЛЕЦ
Има некои деловни обврски кои треба да ги завршите, но имате и многу лични кои исто така треба да ги завршите. Ќе се трудите да балансирате, повеќе или помалку успешно. Олеснување во вториот дел од денот. Евентуално поради присуството, но и помошта од саканата личност.
ЈАРЕЦ
Да, знам дека сте нервозни затоа што некои задачи треба да ги завршите набрзина, но тоа не значи дека вашето лошо расположение треба да го пренесете на оние со кои сте во контакт. Обидете се да се смирите и да работите чекор по чекор.
ВОДОЛИЈА
Се нервиравте поради работата и обврските. Обидете се да не ги расипувате договорите и контактите со луѓе кои ви се деловни или емотивно важни со вашата нервоза. Сè што сакате да кажете, можете да го кажете на помек, помек начин.
РИБИ
Некои промени во однос на обврските или договорите воопшто нема да ве задоволат. Направивте распоред и сега треба да го промените, а немате трпение за тоа. Во емотивниот сегмент не успевате да се договорите со саканата личност за некои прашања.