Македонските тенисерки убедливи и против Исланд!

Женската репрезентација на Македонија продолжи со убедлива игра и доминација во групата Б од Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот.

Во четвртото коло нашите тенисерки беа подобри од тенисерките од Исланд со максимални 3-0. Магдалена Стоилковска најпрво убедливио триумфираше над Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови (6:1 и 6:0), а потоа нашата Лина Ѓорчевска и препушти само два гејма на Софија Солеј Јонасдотир.

Со оглед на тоа што се беше јасно, во игра на двојки настапија нашите надежи Александра Симева и Ива Данева кои славеа над Ана Софија Гронхолм и Софија Солеј Јонасдотир со 6:3 и 6:3.

Со оваа победа имаме четири победи од четири натпревари, нареден ривал ни е селекцијата на Молдавија.

Слични објави