Четвртиот натпревар од финалната серија во АБА лигата заврши со неефикасен натпревар 68-56, во кој двете екипи се фокусираа на одбраната. Црвена Звезда успеа да го победи Партизан и да израмни на 2-2, осигурувајќи голема борба во „мајсторката” помеѓу овие два вечни ривали во српската кошарка.
Црвена Звезда ја искористи предноста на домашниот терен и ги искористи грешките на Партизан, најпрво поведе со седум поени во првата четвртина. Втората четвртина заврши израмнето со резултат 32-24 во корист на Црвена Звезда, а во третата четвртина беше јасно дека победата ќе биде за “црвено-белите” кои имаа предност од 17 поени.
Иако Партизан се обиде да ја стигне Звезда во четвртата четвртина и се приближи на минус пет, сепак Црвена Звезда одолеа на нападите и на крајот славеше со резултат 68-56, израмнувајќи на 2-2.
По вечерашниот пораз на Партизан од Црвена Звезда, Жељко Обрадовиќ, легендарниот тренер, излезе со емотивно обраќање. Антагонизмот помеѓу овие вечни кошаркарски ривали од Белград и инцидентите што често се случуваат на нивните средби беа причина за неговата речиси со солзи изјава.

„Пред некој ден го гледав финалето помеѓу Партизан и Ц. Звезда од 1987 година во кое учествував како играч, на кое имаше навивачи на двата тима, кои буквално заедно скандираа и се радуваа. Луѓе мои, што ни се случи низ годините за да имаме ваков хаос во 2023 година. Па дете, кое со родителите за рака се движи кон салата, одеднаш почнува да плука кон нашиот автобус, додека мајка му го гледа и се смее. Не ми се веруваше. Сакам да збориме за кошарка, а не за тоа кој кого удрил и што паднало на теренот и кој фрлил. Се молам да дојде време да се пишува само за кошаркарите и нивните мајстории. Кој е тој што сее омраза, тоа е прашање на сите прашања. Тоа е се од мене, навистина немам што друго да кажам“, изјави Обрадовиќ и си замина.
„Мајсторката“ ќе се игра во „Штарк арената“, а натпреварот е закажан за во четврток во 20:00 часот.