Квалификации за ЕУРО2024: Роналдо за Гинис, Лазовиќ ја спасуваше Србија,вечер со неколку изненадувања!

Кристијано Роналдо, португалскиот капитен, постави Гинисов рекорд вечерва во Рејкјавик, со својот 200-ти натпревар за Португалија. Неговата кариера трае повеќе од две децении и токму во тој период постави многу фудбалски рекорди. Овој последен рекорд му донесе посебно признание од Гинис. Роналдо стана првиот машки играч во историјата кој одигра 200 официјални натпревари за една фудбалска репрезентација, исто како и рекордот за најмногу постигнати голови за еден национален тим.

На социјалните мрежи, неговата изјава “Јас не ги бркам рекордите, тие ме бркаат мене” стана вирална.

Во квалификациите за ЕВРО 2024 имаше неколку изненадувања. Молдавија губеше со 0-2 против Полска во првото полувреме, но на крајот успеа да направи пресврт и славеше со 3-2. Луксембург славеше со 0-2 кај Босна и Херцеговина, додека Бугарија беше блиску до победа против Србија, но гостите со евроголот на Лазовиќ во 96-тата минута спасија бод. Белгија славеше со 0-3 против Естонија, Албанија со 1-3 ги победи Фарски Острови, Словачка го совлада Лихтенштајн со 0-1, додека Австрија, Норвешка и Унгарија беа сигурни на домашен терен против Шведска, Кипар и Летонија.

Слични објави