За првпат во историјата на Македонската прва фудбалска лига ќе суди жена !

од Вести365.МК | А.П.

Ива Пројковска, најдобрата македонска судијка, ќе стане првата жена главен судија на натпревар од македонското првенство, што ќе биде историски момент за домашната Прва лига. Таа ќе суди на средбата во Тетово меѓу Шкендија и Победа, а помошници ќе бидат Гоце Перески и Дејан Костадинов. Пројковска има искуство во судењето на натпревари во женската Лига на шампионите, каде што беше судијка на елиминациската фаза меѓу Арсенал и Волфсбург, како и на неколку натпревари од Европското првенство за жени минатото лето. Овој викенд, на останатите натпревари од претстојново 25. коло во Прва лига, ќе судат Јосип Бартон, Стојанче Стојанов, Александар Грујоски и Александар Ставрев.

Слични објави