Марсело Биелса, е новиот селектор на уругвајската селекција. Аргентинецот ја предводеше родната Аргентина и Чиле, а сега ќе биде на чело на уругвајскиот тим до 2026 година. Популарниот „Ел Локо“, иако нема трофеј во репрезентативен или клупски фудбал, важи за еден од најдобрите фудбалски стратеги.
Во улогата на селектор на Уругвај, Биелса ќе треба да го подмлади тимот, но има квалитетни играчи како Валверде, Бентанкур, Хименез и Дарвин Нуњез. Доколку успее да ги преведе до Светското првенство, Биелса ќе ги предводи и на завршниот турнир.