Тренерот Чави Хернандез ќе потпише нов договор со каталонскиот гигант Барселона по завршувањето на сезоната. Актуелниот договор на Чави истекува во јуни 2024 година, но Барселона сака да го задржи подолго поради неговата работа. Клубот веќе подготвил нов договор за 43-годишниот стратег, но Чави сега сака да се фокусира на преостанатите натпревари до крајот на сезоната. Чави е на кормилото на Барселона од 2021 година и оваа сезона е на чекор да ја врати титулата на „Камп Ноу“.