Ван дер Белен: Не губете време, не треба да се драматизира

од Вести365.МК Ј.Р.

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен вели дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав не треба да се драматизира.

На прашање дали ќе ја убедува опозицијата да гласа за уставни промени, рече: Не би сакал премногу да се изјаснам во однос на внатрешно-политички прашања во Северна Македонија“.

„Во Парламентот ќе држам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат, што стои долгорочно. Заштитата на малцинства во Северна Македонија се подразбира, а следниот чекор (уставните измени) не треба да се драматизира, според мене“, смета претседателот на Австрија.

Тој посочи дека ги разбира реакциите на граѓаните поради новите услови од Бугарија кои влегоа во преговарачката рамка, но посочи дека треба да се искористи моментот и да не се губи многу време.

„Јас имам огромно разбирање за фрустрацијата која е присутна во однос на преговорите со Унијата. Токму затоа е важно, овој моментум, ова ново забрзување, зајакнатиот интерес на ЕУ, да се искористи и да не се изгуби дополнително време. Се надевам дека овој следен чекор треба да се реализира“, рече Ван дер Белен.

Слични објави