Спасовски: Лоциравме кластер на лица кои учествуваа во лажните дојави за бомби во училиштата

од Вести365.МК | Е.Д.

Преку опсежни истраги спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи, лоциран е кластер на лица кои учествувале во лажните дојави за бомби кои секојдневно беа пријавувани од страна на училиштата и други институции, рече министерот Оливер Спасовски.

Преку опсежните истраги што ги спроведовме лоциравме кластер на лица кои учествувале во тие лажни дојави, веќе се повикуваат на разговори во полициски станици, одземени се нивни телефони и продолжуваме кон обезбедување на сите докази, рече Спасовски.

Слични објави