УПОРНА! Положила за возачка од 960 пат – „Се обидовме да и кажеме да се откаже, но таа се враќаше“

од Вести365.МК Ј.Р.

Жена од Јужна Кореја, Ча Са-Сун стана вирален хит кога беше откриено колку е упорна во полагањето на возачки испит. Како што пишува Дејли Мејл, Ча потрошила дури 11.000 фунти на полагање, а конечно успеала да ја добие возачка – по 960 пат, по 15 години.

Ча на писмениот испит прв пат полагала во 2005 година, но не била успешна и успеала да го положи во 860 обид. А штом успеала да го положи, почнала со практичниот испит кој и бил предизвик.

Ниту од тоа не се откажа и конечно успеа, по 15 години. Како што пренесува Дејли Мејл, Ча била многу упорна во добивањето на возачка дозвола, а после се, на нејзиниот инструктор му олеснало.

-Кога конечно положи сите почнавме да ја гушкаме, и купивме и цвеќе. Се чувствуваме како да ни е симнат голем товар од грб! Никој од нас не се осмели да и каже да се откаже, таа беше многу упорна – рече тој.

Ча доби подарок и од хјунади, нов автомобил!

Слични објави