Сензација на 16-годишната Канаѓанка, во 5 дена срушени два светски рекорди во пливање!

од Вести365.МК | А.П.

Новото пливачко „чудо“, 16-годишната Канаѓанка Самер Мекинтош, постави нов светски рекорд во дисциплината 400 метри мешано за време на националните квалификации во Торонто за пласман на Светското првенство во Фукуока. Тинејџерката исплива со време четири минути, 25 секунди и 87 стотинки и за 49 стотинки го собори рекордот на Катинка Хосу од Унгарија  која го постави на Олимписките игри во Рио 2016 година.

Ова е втор пат во рок од само пет дена што Мекинтош поставува нов светски рекорд, бидејќи во вторникот го сруши и рекордот на 400 метри слободен стил. Сепак, оваа млада пливачка не само што постави две нови најдобри времиња во две различни дисциплини, туку и стана првата пливачка во историјата која и во машка и женска конкуренција истовремено ги држи дВвата светски рекорди на 400 метри мешано и слободен стил..

Во вторникот, кога го сруши светскиот рекорд на 400 метри слободен стил, Мекинтош изјави дека ова и било првпат да ја слушне публиката како навива за неа, а многу и помогнала поддршката од нејзиното семејство и пријателите што биле на трибините.

Слични објави