Поранешниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, со својот сегашен тим, солунскиот ПАОК, го освои Купот на Грција. На завршниот турнир во Каламата, екипата од Солун го победи во финалето вечниот ривал, Олимпијакос, со 3-1 во сетови.
Најпрво во полуфиналето на финалниот фајнлфор, ПАОК го победи Панатинаикос со 3-1 во сетови, и во два дена издвои дупла победа против атинските гиганти.
Миленкоски рече дека нема тајна за успехот, туку дека во неговиот тим владее перфектна атмосфера, играчи кои континуирано сакаат да напредуваат и кои играат со целото срце.
За ПАОК и Миленкоски купот беше прва голема цел, а веќе за три дена го играат третиот меч од полуфиналето на плеј-офот со Панатинаикос, кој ако го добијат одат во финале на плеј-офот за шампионската титула каде повторно ги чекаат пресметки со Олимпијакос.