ПСЖ во криза, нов пораз од Лион, Марсеј со кикс дома, Монако со пресврт до победа

од Вести365.МК | А.П.

Пари Сен Жермен претрпе пораз од 1-0 вечерва против Олимпик Лион, откако тимот загуби од Рен (2-0) пред две недели. Во мечот против Лион, фаворитот имаше проблеми да се наметне, па Лион знаеше да ги искористи сите слабости. Во првиот дел гостинот се избори за пенал кој не го искористи Лаказет. Без погодоци се замина на пауза, а по истата следуваше шок за фаворитот за кој се погрижи Баркола во 56 минута. До крајот немаше промени и ПСЖ го запиша петтиот сезонски пораз, но останува на првото место со шест бода повеќе од Марсеј и Ленс.

Олимпик Марсеј, кој е најблиску до лидерот ПСЖ, одигра само 1-1 на свој терен против Монпеље и не ја оправда фаворитската улога. Марсеј можеше со триумф да дојде на само четири бода до ПСЖ, но не успеа во тоа иако доминираше на теренот. Монпеље дојде во водство со гол на Нордин во 12. минута, изедначи Гендузи од пенал пред самиот крај на првото полувреме.

Во Монако истоимената екипа на полувреме губеше со 1:2, но потоа во второто полувреме направи целосен пресврт и со конечен резултат од 4:3 и играч помалку ја победи екипата на Стразбур, во останатите денешни средби Лил и Брест со идентичен резултат 3:1 беа подобри од Лориент и Тулуз, Лориент го победи Ајачио со 2:1, додека екипата на Ница изигра нерешено со Амиен 1:1. Честа на гостите ја спаси екипата на Ремс која славеше со 3:0 против екипата на Нант.

Слични објави