Жозе Мурињо на денешниот натпревар помеѓу екипите на Рома и Сампдорија кој се играше во Рим, на стадионот “Олимпико” застана на страна на неговиот поранешен играч од Интер, Дејан Станковиќ.
Станковиќ сегашен тренер на Сампдорија, доби навреди од навивачите на Рома поради неговата историја со екипата на Лацио, но Мурињо реагираше и им сигнализираше на навивачите да престанат. Оваа акција на Мурињо наиде на одушевување од страна на фудбалската јавност, а двајцата тренери си покажаа голема почит.
Му благодарам на Жозе затоа што тоа не го забележав. Што се однесува до скандирањата, јас сум горд на тоа што сум. Јас сум горд што сум „циган“, -порача Деки.