Вечерашниот дерби натпревар од 28. коло во Серија А меѓу Милан и Наполи беше вистински шампионски дуел. Актуелниот шампион Милан покажа одлична игра и со 4-0 го победи Наполи на неговиот терен на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Милан влезе во овој меч со три лоши резултати во низа, но со одлична игра и со помош на Леао, кој заби два гола, и на Салемакерс, кој заби еден гол, дојде до третото место на табелата.
Нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 68 минута при водство на Милан од 4-0, но не успеа да им помогне на своите соиграчи да направат ништо за да го променат резултатот.
Лацио го користи огромниот пад на Интер и попладнево се зацврсти на втората позиција на табелата во Серија А со триумф против Монца со 0:2. Педро го најави триумфот во првото полувреме, додека Милинковиќ-Савиќ ги реши дилемите околу трите бода со одличен погодок во вторите 45 минути. Милинковиќ-Савиќ постигна мајсторски гол од слободен удар и го матираше голманот на Монца, станувајќи најдобар странски голгетер во историјата на Лацио со вкупно 65 голови.
Во останатите денешни дуели Болоња со 3:0 го победи Удинезе, Салернитана и Специа одиграа нерешено 1:1, додека екипата на Рома на Олимпико, под водство на Мурињо со 3:0 беа подобри од Сампдорија предводена од Дејан Станковиќ.
Наполи, со 71 поен, останува на врвот на табелата пред Лацио со 55 бода, но денешниот триумф на Милан може да има големо значење за продолжението на сезоната.