Премиер лига: Манчестер сити и Арсенал сигурни, Челзи со нов пораз

од Вести365.МК | А.П.

Денешното коло во Премиер лигата е богато со голови. На сите шест средби кои досега завршија, се тресеа мрежите на сите екипи. Арсенал повторно е на осум бода пред Манчестер сити, откако Топчиите во Лондон со 4:1 го победија Лидс.

Во највозбудливиот дуел, Брајтон и Брентфорд одиграа 3:3. Гостите три пати беа во предност, но домаќините израмнуваа. Последниот погодок го постигна Мекалистер во 90 минута од пенал за реми и по еден бод на двете екипи.

Кристал Палас го победи Лестер со 2:1. Овој тим имаше низа од 13 средби на кои немаше триумф во оваа година (осум порази и пет нерешени), за денеска да се израдува на првата победа во 2023 година. Погодокот за победа домаќините го постигнаа во 90+5 минута кога погоди Матета. Претходно, Кристал Палас кој губеше со 0:1, стигна до израмнување по еден неверојатен автогол на голманот на Лестер.

Борнмут го победи Фулам со 2:1 на домашен терен. Нотингем Форест и Вулверхемптон одиграа 1:1. Габриел Жезус погоди од пенал во 35 минута за водство на полувреме од 1:0, а во вториот дел имаше многу повеќе погодоци. Домаќинот брзо стигна до 3:0 (голови на Вајт и Жезус), а Кристенсен постигна почесен погодок за Лидс. Серијата погодоци ја затвори Џака кога во 84 минута погоди за 4:1. Со овој резултат славеше и Манчестер сити против Ливерпул.

Слични објави