Лебот е составен дел од исхраната на речиси секоја личност. Дури и ако внимавате на линијата, веројатно не можете без леб, па затоа избирате поздрави верзии како леб од цело зрно.
Експертите велат дека на возрасен човек му требаат две до четири кришки леб дневно и дека тоа може да биде дел од здравата исхрана, но само ако правилно го изберете. Диететичарката Сузи Бурел откри кој леб е најздрав, а кој треба да се избегнува.
Леб од цело зрно
Дефинитивно најдобрата верзија на леб, но треба да имате помало парче и да внимавате колку зрна содржи. Колку повеќе житарки има, толку подобро за контролирање на нивото на гликоза во крвта – вели Сузи Бурел. Лебот од цело зрно е многу добар за дигестивниот систем и е богат со хранливи материи, но не дозволувајте тоа да ве измами бидејќи има исти калории како и другите.
Интегрален леб
Неговата голема предност е што е богата со растителни влакна. – Ако не можете да поднесете житарки, интегралниот леб е втората најдобра опција – вели диететичарот. Интегралниот леб содржи многу повеќе влакна од белиот леб, а содржи и минерали како магнезиум, цинк и калиум.
„Збогатен“ леб
Можете да го купите во речиси секоја продавница, а го има на полиците за здрава храна. Содржи се во едно, од житарки, влакна, витамини и добри масти. – Ако изгледа како бел леб, сепак е бел леб со додаток на „здрави“ вредности. Тоа е непотребно фрлање пари – вели оваа нутриционистка.
Бел леб
Иако луѓето најчесто го купуваат, тоа е најлошата опција. – Белиот леб најбрзо се вари и го крева нивото на гликоза во крвта, што не е добра опција. Ако децата не сакаат да јадат леб од цело зрно, не им купувајте бел леб бидејќи се додека вие го купувате тие ќе го јадат и нема да можат да се навикнат на други опции – посочува Сузи Бурел.