Вчерашниот кошаркарски натпревар во белградската Арена во рамките на Евролигата, помеѓу екипите на Партизан и Олимпијакос, кој беше од огромно значење за „црно-белите“ во борбата за пласман во плејофот, присуствуваа повеќе од 20 илјади гледачи. Навивачите на Партизан беа во најголем број, а точниот број на присутните беше 20.003. Ова беше најголема посетеност на еден евролигашки натпревар во тековната сезона и шести во историјата на елитното европско натпреварување.
И претходниот рекорд го држеше Партизан, но тој издржа едвај еден месец бидејќи беше поставен на 23-ти февруари годинава, на дуелот против Фенербахче, кога присуствувале 19.661 гледач.