Мото ГП: Пол позиција за Марк Маркез и нов рекорд на патеката во Портимао

од Вести365.МК | А.П.

Марк Маркез, постави рекорд на патеката во Портимао и ja зазеде првата стартна позиција за Големата награда на Португалија. Шампионот Франческо Бањаја заврши втор, а Хорхе Мартин зазеде третото место, додека другиот италијански возач, Енеа Бастианини, заврши на шесттото место.

Шпанецот на чудесен начин ја освои пол-позицијата откако претходно влезе меѓу десетте најдобри преку „баражот“, па мораше да постави рекорд на стазата за да ги победи возачите на Дукати.

Во својот рекорден круг кој изнесува 1:37.226, Маркез возеше зад Бастијанини и успеа да биде за нијанса подобар од Пеко Бањаја, па на тој начин ја освои пол позицијата.

Тоа значи дека ќе стартува прв на историската спринт трка која се вози денеска подоцна, но без оглед што ќе направи на неа, ќе стартува прв и на утрешната главна трка во Португалија.

Во историското настапување на спринт трката во Мото ГП, Маркез ќе биде на пол-позицијата, но без оглед на тоа што ќе направи на неа, ќе стартува прв и на утрешната главна трка во Португалија.

Слични објави