Екипата на Борусија Дортмунд по вечерашниот пораз на гостувањето кај РБ Лајпциг (0-2) го заврши своето учество во Купот на Германија. Ова значи дека тие, заедно со Баерн Минхен, ќе може да се фокусираат на битката за домашната титула.
„Милионерите“ беа инфериорни кај РБ Лајпциг и само еднаш шутнаа кон противничкиот гол. Резултатот на мечот се отвори во 22. минута кога погоди Тимо Вернер, а точка на победата стави Орбан во финишот.
Во вториот вечерашен натпревар, Штутгарт минимално го победи Нирнберг (1-0) и овој триумф може да биде спас за слабата сезона, имајќи во предвид дека се во зоната за испаѓање во Бундеслигата. Единствениот стрелец на мечот беше Милот во 83. минута. Во следната фаза, полуфиналето, пласман обезбедија и екипите на Ајнтрахт Франкфурт и Фрајбург.