Хаос во Купот на Холандија, Класен со дупната глава!

Во второто полуфинале на холандскиот куп, средбата меѓу Феенорд и Ајакс беше прекината по нешто повеќе од 60 минути игра поради настанатиот хаос на теренот.

Најпрво дојде до вербален конфликт меѓу Душан Тадиќ и Оркун Кокџу, кога во еден момент фубалерот на Ајакс, му порачал на Кокџу дека може да јаде трева, а тоа сите муслимани го сфатиле како голема навреда во текот на Рамазан, и соиграчите мораа да реагираат да ги раздвојат двајцата фудбалери.

Потоа атмосферата уште повеќе се вжешти кога навивачите фрлија голем број тврди предмети на теренот. Еден од нив го погоди во глава Дејви Класен, кој падна на тревата облеан во крв.

По 20 минутниот прекин и смирување на страстите мечот продолжи и Ајакс како гостин славеше со 1-2. Стрелци на головите беа Тадиќ и Класен за Ајакс, а Хименез за екипата на Феенорд.

Со оваа победа Ајакс се пласира во финалето, каде веќе е екипата на ПСВ.

Слични објави