Куп на Шпанија: Бензема со хет-трик на Ноу камп, за финале и историја!

Вечерашното „Ел Класико“ беше од голема важност и за двете екипи за пласман во финалето на Купот на Шпанија. Реал Мадрид одигра маестрално вечерва на „Камп Ноу“ и успеа да победи со 4:0 против домаќинот Барселона.

Иако Барселона имаше три триумфи во низа против лутиот ривал, таа не можеше да се опорави од првиот гол кој го прими во продолжението од првиот дел. Тибо Куртоа спречи гол на Левандовски за Реал, а во следната акција Реал креираше контра и поведе со голот на Винисиус Жуниор. Асистент на погодокот беше Карим Бензема, кој потоа го повтори историскиот подвиг на Пушкаш по 60 години и постигна хет-трик на „Камп Ноу“.

Со трите гола во вториот дел, Бензема стана првиот играч по Пушкаш кој го повтори изданието на големата фудбалска легенда на „кралскиот клуб“, нанесувајќи и го на Барселона еден од најтешките порази во меѓусебните дуели, а со тоа го трасираше патот на својот клуб во финалето. Ова покажува колку голем фудбалер е Бензема., а Реал победи и со вечерашните голови се израмни со големиот Раул на вечната листа на стрелци со вкупно 16 голови против Барселона на „Ел Класико“.

По овој пораз, Барселона ќе мора да се насочи само кон титулата во Ла Лига, а Реал ќе се бори со Осасуна во финалето на Копа дел Реј. Последното„Ел Класико“ за оваа сезона носеше голема влог, пласман во финалето на Купот и го видовме Реал Мадрид во неверојатна форма на „Камп Ноу“.

Слични објави