На Челзи и на Лестер им прекипе, врачени откази на Потер и Роџерс !

од Вести365.МК | А.П.

Поранешниот англиски шампион Лестер реши да се откаже од менаџерот Брендан Роџерс по вчерашниот пораз од Кристал Палас. Со 25 бода, „Лисиците“ се на претпоследната 19 позиција на табелата, имаат турбулентна сезона, па управата одлучи дека е време да се раздели со стратегот кој во минатото донесе доста радости на „Кинг Пауер”, се со крајна цел да се спаси сезоната и да се направи обид да се спаси тимот од испаѓање во понизок ранг.

„Мирор“ од нивни агол издвои седум стратези кои би можеле да сменат нешто и да седнат на жешкото столче во овој момент. Искусниот Рафаел Бенитез, некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, Франк Лампард, Ралф Хасенхутл, остануваат на листата. Кој ќе биде новиот менаџер на Лестер останува да се види.

Исто така денес и управата на Челзи го раскина договорот со тренерот Грахам Потер, и екипата бара нов тренер. Покрај рекордните суми за трансфери, Челзи е на единаесеттото место во Премиер лигата, а чашата на трпението ја прели поразот од Астон Вила на домашен терен со 0-2.

„Управата на Челзи би сакала да му се заблагодари на Грахам за соработката и му посакува среќа во иднина“, објавија од клубот. Потер пристигна во таборот на „сините“ од тимот на Брјатон, на местото на Томас Тухел, пред седум месеци. Пред тоа, тој работеше и во Свонси и шведски Остерсунд.

Слични објави