Македонскиот шампион МЗТ го победи Задар со 84-80 во рамките на АБА лигата, со што барем теоретски ги задржува шансите за опстанок во најквалитетната регионална лига.
Првиот период донесе двоцифрена предност за МЗТ, а во вториот период стигна до плус 23. Меѓутоа, Задар го подигна нивото на игра во продолжение и почна да ја топи предноста на домаќинот. Последниот период започна со плус шест за МЗТ, а во завршницата гостите дојдоа на минус два, но не успеаа да стигнат до комплетен пресврт.
Кефи со 21 и Миќовиќ со 15 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ, додека кај Задар, Божиќ уфрли 21 поен. МЗТ мора да оствари уште две победи до крајот на сезоната, но и да чека порази на Борац за обезбедување опстанок во првата АБА лига.