Халанд со најголем спонзорски договор

од Вести365.МК | А.П.

Ерлинг Халанд ја продолжи и надгради соработката со спортскиот гигант Најк, и ќе заработува 23 милиони евра годишно, според медиумските извештаи. Американскиот гигант денеска го потврди договорот со ѕвездата на Манчестер Сити, победувајќи ги другите спортски марки. Сумата од 23 милиони евра е втора највисока во историјата на спортската опрема по Нејмаровиот договор со Пума. Стратегијата на Најк е да го претвори Халанд во заштитно лице на своите фудбалски кампањи, и од тие причини потпишан е договор на долг период.

Слични објави