Миовски: “сонувам да играм во Премиер лигата, за Реал Мадрид навивам од дете”

од Вести365.МК | А.П.

Бојан Миовски, македонскиот репрезентативец, има одлична сезона во Премиер лигата на Шкотска каде игра за Абердин. Тој даде 17 погодоци на 34 настапи, привлекувајќи гo вниманието на многу клубови во Европа. Навистина, се шпекулира за неговата идна дестинација, па токму затоа и тие прашања му се поставуваат на Миовски.

За медиумите во Шкотска, Миовски откри дека во иднина би сакал да заигра во Премиер лигата на Англија, и откри кој е неговиот омилен клуб. „Мојата желба е следната дестинација во мојата кариера да ми биде тим од најдобрите лиги на Европа. Секој сонува да заигра во Премиер лигата на Англија, а ниту јас не сум исклучок, тоа е најсилната лига на светот. Мојот омилен клуб е Реал Мадрид, за нив навивам од дете. Кога станува збор за англиското првенство, ги симпатизирам Манчестер Јунајтед“, кажа Миовски.

Миовски досега има успешна кариера. По настапите за МТК Будимпешта, заработи трансфер воАбердин, Шкотска, каде сега игра со одличен успех. Досега има дадено 15 погодоци на 29 настапи во шкотското првенство и се бори за „златната копачка“. Сепак, целта му е да помогне на Абердин да ги исполни клупските цели, бидејќи тоа е најдобар начин да му се оддолжи за довербата која ја доби од клубот.

Слични објави