Уапсен скопјанец кој шверцувал луѓе од Сирија

од Вести365.МК | Е.Д.

На 12 октомври 2022 во близина на селото Казандол пријавениот со патничко возило „алфа ромео“, прифатил шест мигранти од Сирија, без документи, а откако ги забележал полициските службеници од полициска станица „Стар Дојран“, избегал по што кај место викано „Чапарица“ возилото било пронајдено, а во близина биле пронајдени и шестмината мигранти.

Завчера, пријавениот шверцер бил уапсен од полицијата од СВР Скопје, а од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му е  изречена мерка  куќен притвор.

Слични објави