Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжува со успесите во Абердин, шкотскиот прволигаш. Тимот постигна седум последователни победи и се пласира на третото место на табелата со 53 бода. Во најновата победа на домашен терен, Абердин го победи Глазгов Ренџерс со 2:0, каде што Миовски го постигна вториот гол, кој беше удар со глава по центаршутот на Кларсон. Миовски има 16 гола за сезоната во Абердин.

Во други настани во светот на фудбалот, македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски го постигна победничкиот гол за Сараево против Тузла Сити во босанско-херцеговачката прва лига. Додека пак Давид Бабунски, постигна гол за Мезоковешд во унгарската прва лига, но не успеа да го спречи поразот на неговиот тим. Ова беше негов трет гол на 20 натпревари.